Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на бензините, кои со одлуката на 23.07.2018 година, поскапеа за еден денар по литар. По серијата поскапувањата се очекува Регулаторна да одреди пониски цени, со оглед на тоа дека цената на нафтата на светските берзи покажува дека во последните 2 недели барел нафта чинеше меѓу 71 и 73 долари за барел што е пониско од цената од пред две недели која регулаторот пресмета дека во просек била над 75,8 долари.
Со последната одлука на Регулаторна, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1 денар во однос на цените утврдени со Одлуката од 26.06.2018 година и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за половина денар и изнесува 64 ден/лит како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое се зголеми за половина денар изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 се зголеми за еден денар и изнесува 34,711ден/кг.
Денеска напладне ќе бидат соопштение новите цени на бензините, кои ќе важат од полноќ.