Полнете дури има време: Од полноќ значително поскапување на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,355 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,814 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 7,084 отсто, кај дизелот за 4,546, кај екстра лесното масло за 4,351 и кај мазутот за 5,491 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,777 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.