Полна сала утре и поддршка за прилепските кошаркарски екипи што добија 4.000 евра од Министерството за 2026год.

Викендот кој е пред нас ќе донесе и потврда како ќе изгледаат полуфиналните двојки преку кои ќе стартува третата и одлучувачка фаза во Првата македонска лига – плеј-офот.

Пред одигрувањето на последното осмо коло од ТОП 8 фазата, познати се четирите екипи кои ќе играат во доигрувањето за место кое догодина води во елитната суперлигашка конкуренција.

За жал прилепски Мега Баскет не е помеѓу овие екипи, а во последното коло прилепчани ќе играат на домашен терен против Борец од Велес.

Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, па максимална поддршка во ова последно коло ќе значи премногу за прилепската екипа.

Три часа порано, со почеток од 14:00 часот, младата екипа на Мега Баскет ќе се соочи со Тетекс, па доколку немате обврски, можете едно цело попладне да уживате во кошаркарски натпревари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.