Полицијата уапси 4 лица кои разменуваа странски валути кај катната гаража во Прилеп

Како што информираат оттаму, при контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица.

Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови“ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.