Полицијата прв пат гледа нешто вакво: Нема да верувате каде дилери ја криеле дрогата

133615395-110633uk67i67i76

Граничната полиција на преминот Капштица, на албанско-грчката граница, заплени 79 килограми марихуана.

Се би било вообичаено, бидејќи запленувањето дрога веќе е секојдневна појава за албанската полиција, но начинот на кој таа била пакувана ги „изненадило“.

– Дрогата беше скриена во цевки со мала должина, кои по форма и боја наликуваа на морков. Камионот со приколка при излез од Албанија беше подложен на детална контрола, откако по контролата со скенер се посомневавме дека некаде се крие дрога. Притоа цевките со дрога беа откриени во внатрешноста на цевките на кои е поставена церадата од приколката, изјави претставник на граничната полиција.

Според него, во илјадниците случаи и различните начини на обид за шверц на дрога, ова може да се оцени како најзачудувачки.

Уапсен е возачот на камионот Адриан Дула (41) од Тирана, кој требало да танспортира стока до Турција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.