Хрватската полиција останала во шок кога го запрела 43 годишниот Перица Чудини, на плажата во близина на Задар. Кога тој дувнал во алкотестот, апаратот покажал неверојатни 2,32 промили алкохол во крвта. Перица дивеел со автомобилот на плжата, па луѓето во близина повикале полиција.
Кога полицијата го внела неговото име во системот, се и станало јасно. Перица пред 20 години бил осуден за трикратно убиство на тројца полициски службеници. Тие го пресретнале за време на грабеж, а тој во нив испукал повеќе од 100 куршуми.