Полицијата од СВР Битола изминатиот викенд контролирала 1303 возачи и открила 186 прекршоци

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола спровеле сообраќајна контрола при што биле контролирани 1.303 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Исто така, четири возила биле технички неисправни и тие се испратени на технички преглед. При контролата, откриени се и други 42 видови прекршоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.