Полицијата му пиша казна на маж од Сарај – сопругата ги претепа

Околу 11,30 часот во Скопје на улицата „Македонско Косовска Бригада“ полициски службеници од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата додека извршувале редовни работни задачи дале знак за застанување на  патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, но тоа продолжило со движење.

Полициските службеници со службеното возило се упатиле по него и успеале да го застанат по што констатирале дека возилото го управувало Ш.С. (48) од селото Сарај-скопско.

Откако му напишале казна за сторени прекршоци, од возилото излегла  К.С.(43) и удрила еден полициски службеник.

К.С. е приведена во полициска станица и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.