Полицијата и инспекторите на терен: Ќе се “ловат” уништувачите на липите во Прилеп

Локалната Самоуправа на Општина Прилеп апелира до сите граѓани да не вршат сечење, кршење на гранки и кастрење на липите кои се на јавна површина и врз кои се врши нестручна берба на липовиот цвет .

-Уништувањето на јавното зеленило во градот е казниво по закон.

За заштита на липите, во овој временски период, надлежниот Инспекторат при Општина Прилеп заедно со Полицијата ќе бидат на терен и ќе ги санкционираат сите оние кои ќе бидат затекнати на лице место – велат од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.