Денеска (09.08.2023) во периодот од 10.00 до 11.30 часот, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и инспектори од Државен пазарен инспекторат Битола, во рамки на „Безбедно лето 2023″, спроведоа акциска контрола по Законот за јавна чистота.
При контролата биле констатирани прекршоци по Законот за јавна чистота, продажба на земјоделски производи на јавна површина, кои биле одземени и предадени во Казнено-поправната установа Затвор Битола.
Исто така, биле констатирани и неколку прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.