На 11.07.2023 во рамки на „Безбедно лето 2023“, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола, како и во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат во Битола беше спроведена акциска контрола во субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини.
При контролата во два објекти – отпади на ул.„Караорман“ беа констатирани неправилности. Исто така, при контролата на истата локација беа пронајдени и одземени околу 9м3 нелегално исечена дрвна маса. Дрвната маса е предадена на Шумска полиција за понатамошна постапка, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.