Полицијата го фати: Прилепчанец ќе лежи во затвор

policijayeti3

Вчера во 17 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека 24-годишниот Ф.И. од Прилеп, евидира на СТОП-Листа и се бара за издржување казна затвор во траење од три месеци и пет дена.

Во 18 часот и 15 минути со Потврда за предавање на лице, истиот е предаден на полициски службеници од Полицијата во Куманово за понатамошна постапка.

Прилепчанецот ќе одлежи казна за кривично дело „измама“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.