Денеска полицијата врши претреси на повеќе локации низ Гевгелија, неофицијално дознава Курир.
Според информациите претресите се вршат поради сомнеж за местење фудбалски натпревар од Втората лига помеѓу Кожув и Башкими.
Извори на “КУРИР” велат дека во истрагата се прибрани материјални докази за инволвираност на повеќе лица – меѓу кои фудбалери, тренер и раководни структури на двата клуба.
Јавното обвинителство, на барање на МВР издало наредби за претреси, а сомнежот е против седум лица.
Ова е прв случај од ваков тип што се расчистува, не само во Македонија, туку и во регионот.
МВР преку Бирото за јавна безбедност испраќа јасна порака – криминалот нема засолниште, без разлика дали е на улица, во институција или на спортски терен.