Видно пијан велосипедист застанала полициската патрола во градот Сента, во Србија.
Дрегерот покажал, а анализата на крвта потврдила дека велосипедистот има 4,14 промили алкохол. Тоа според зборовите на сообраќајците е една од најголемите количини алкохол измерени кај некој велосипедист.
Тој бил исклучен од сообраќајот и одредено му е задржување во болница поради трезнење, а возењето во ваква состојба предвидува казна од 100.000 до 120.000 српски динари или најмалку 15 дена затвор.