Синоќа после полноќ биле пријавени неколку физички напади во Прилеп.
На 20.06.2021 во 00.00 часот во Полициска станица Прилеп, Т.Ј.(37) од Прилеп пријавил дека на 19.06.2021 околу 23.40 часот, во близина на аптека во Прилеп, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во Полицискиот билтен на МВР.
На 20.06.2021 во 02.00 часот во ОВР Прилеп, С.И.(49) од Прилеп пријавил дека на 19.06.2021 околу 21.45 часот, пред угостителски објект во Прилеп, тој и неговиот 17-годишен син, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од неколку лица.