Извадоци од полицискиот билтен на МВР:
-На 28.02.2026 во 14:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонски Гемиџии” и ул.„Индустриска” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од З.В.(42) од Битола и мотоцикл „лонгиа” со битолски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
-На 28.02.2026 во 14:15 часот во СВР Битола е пријавено дека при изведување на градежни работи на ул.„Климент Охридски” во Битола, Ш.А.(64) с.Делогожди, струшко, се здобил со повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на медицинска помош. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.
-На 28.02.2026 во 09:40 часот во СВР Битола П.С. од с.Добромири, битолско, пријави дека во дворното место пронашол стара граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што е утврдено дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата Светска Војна.
-СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2026, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во возилo на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
























