Полицискиот билтен на МВР полн со прилепчани: Еден куп кривични пријави за физички напади во еден ден

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 06.12.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Д.Д.(26) од Прилеп пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Д.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.11.2023 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот се обидел со нож да го нападне својот татко.

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Д. (31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 31.10.2023 во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Б.(39) од с.Крушејани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие“. На 09.11.2023 во с.Крушејани, пријавениот физички го нападнал М.З., по што се обидел да го нападне и со тврд предмет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.