Полицајката Селест Ајала била на должност во една аргентинска детска болница, кога било примено едно неухрането и запуштено бебе.
Таа видела дека болничарите имаат премногу работа, па во истиот момент прашала дали може да помогне и да го нахрани бебето.
“Забележав дека бебето е гладно, ја ставаше раката во устата. Прашав дали може да го гушнам и да го задојам. Беше тоа тажен момент, ми се скрши срцето додека го гледав. Општеството мора да биди почувствително за проблемите на децата, ова не смее да се случува”, рекла полицајката за локалните медиуми.
Бебето е инаку момче, кое има шест браќа и сестри, а мајката ги одгледувала сама.
Фотографијата од полицајката која го дои бебето во болница ја објавил нејзиниот колега Маркус Хереида.