СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.В. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 08/09.02.2025 пред ноќен клуб во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.