После скандалозното однесување на швајцарските фудбалери во победата на Србија на Светското првенство, Народната партија на Швајцарија (SVP) би можела одново да започне дебата за фудбалерите со странско потекло во репрезентацијата на оваа земја.
Поради славењето со “двоглави орли”, партијата упатила критики на сметка на репрезентацијата.
Натали Рикли е една од првите луѓе на партијата, а на Твитер напиша дека не може да се радува на победата, бидејќи головите се постигнати за Косово.
“Навистина не можам да се радувам. Двата голови не се постигнати за Швајцарија, туку за Косово. Доколку некогаш косовската репрезентација би победила, тоа би ме радувало за нив, но играме на Светско првенство и го носиме знамето на Швајцарија”, порача таа.
Ich kann mich nicht wirklich freuen. Die beiden Goals sind nicht für die Schweiz gefallen, sondern für den Kosovo. Falls die Kosovo-Nati dereinst gewinnt, freue ich mich für sie, aber an der WM spielen und fänen wir für die Schweiz.??#SERSUI
— Natalie Rickli (@NatalieRickli) June 22, 2018