“Политика”: И Грците бараат референдум за договорот со Македонија

Околу 72% од Грците сакаат Грција да се повлече од договорот со Македонија, покажала анкетата спроведена непосредно после референдумот во неделата, на кој не излезе доволен број граѓани за изјаснувањето да биде успешно – пишува српска “Политика”.

Според резултатите на тоа истражување, кое го објави грчкиот портал “Прото тема”, a го пренесува aгенцијата “Танјуг”, 68% од граѓаните ја повикаа владата на Алексис Ципрас да распише референдум за ова прашање.

Истражувањето, како што пишува, е спроведено на 1 и 2 октомври на 1000 испитаници.

Договорот помеѓу Атина и Скопје беше потпишан после долги преговори во јули оваа година и тој предвидува промена на името на Македонија во Република Северна Македонија, а неговото прифаќање би ги отворило на таа поранешна југословенска република патот кон евроатланските интеграции – додава српскиот весник “Политика”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.