Покрај Старата чаршија, нефунционалниот булевар ги yништи и такcиcтите?

Kaндидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Д-р Борче Јовчески, оствари средби со претатавници на автошколите, камионџиите и таксистите.

-Како директни учесници во сообраќајот, ми посочија на нивните проблеми и секојдневните нервози. Разговаравме за идните решенија и заклучокот е дека само со меѓусебна поддршка, успехот ќе биде неминовен – напиша Јовчески на ФБ.

Според она што го дознаваме поплаките од превозниците и таксистите се однесуваат на огромниот хаос и нефункционалност на сообраќајот во градот. Меѓу истакнатите проблеми е и реконструираниот дел од булеварот “Гоце Делчев”, кој речиси целосно ја блокираше пристапноста на Старата чаршија и ја отежна работата на такси возачите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.