По повод одбележувањето на 15-годишнината од загинувањето на десеттемина прилепски бранители, кои на свиреп начин беа убиени во конфликтот во 2001 година на Карпалак, Здружението на учесници на Карпалак и општина Прилеп на 7 и 8 август, на достоинствен начин повторно ќе се присетат на нивната жртва и аманет и со програма ќе го одбележат и овогодинешниот помен.
Овогодинешниот помен ќе започне утре, недела 07 август, со положување на цвеќе на споменикот во касарната “Мирче Ацев” во 18:00 часот, а ќе заврши во понеделник 08 август во 12:30 часот со одбележување на настанот пред комплексот “Карпалак” во центарот на Прилеп.