Фудбалскиот клуб Победа Прилеп започна со продажба на сезонски билети – твојата шанса да бидеш дел од секој домашен натпревар и да ја покажеш својата љубов и верност кон клубот кој моментално се наоѓа во незавидна финансиска положба и е потребна помош од секој страствен навивач, од секој прилепчанец.
Со само 1200 денари добиваш:
-
🎟 Пристап до сите домашни натпревари во сезоната
-
⚡ Брза и едноставна проверка на влез
-
💙 Ексклузивна поддршка за нашиот клуб во овие тешки моменти
Како да ја добиеш својата карта?
-
Пополни ја онлајн апликацијата 👉 ТУКА
-
Изврши уплата на сметката на клубот во банка или готовински директно кај овластено лице во просториите на клубот
-
За секоја уплата, без разлика на начинот, ќе добиеш фискална сметка
-
Ќе добиеш потврда по е-пошта и Viber кога картата ќе биде подготвена
-
Подигни ја лично на стадионот или во клупските простории
Заедно можеме да ја вратиме Победа таму каде што припаѓа!