Независната група на советници во Советот на Општина Битола “Поинаку” на локалните избори во оваа општина излезе со еден поинаков пристап кој беше прифатен од голем број граѓани.
Денеска тие поставија 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре со цел да се подобри чистотата во градот.
“Добро утро Битола!!!
Мал поклон од Поинаку за Општина Битола – официјална страница
Утрово поставивме 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре. Држачите се ефтини, лесно одржливи и не оштетуваат. Молба до Комуналец да ги менува редовно, вреќи ќе ви дајме гратис.
За поинаква и чиста Битола”, напишаа од “Поинаку” на Фејсбук.