Познат претставникот на Македонија на Евровизија 2020

На изборот за песна на Евровизија 2020-та, кој ќе се одржи во мај во Ротердам, наш претставник е Васил Гарванлиев.

Минатата година тој се појави на евровизиската сцена во Тел Авив како пратечки вокал на Тамара, за песната Proud со која достигна неверојатен успех.

Toj веста ја пренесе преку својот Инстаграм профил каде напиша:

„Речиси секое музикално дете во Европа расте со истиот сон – еден ден да ја претставува татковината на Евровизија. Почестен сум, благословен и благодарен што ја добив шансата да пеам за мојата татковина со отворено срце овој мај во Ротердам. Одиме!“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.