Познат првиот кандидат за претседател на државата – Еве за кого станува збор!

Проф. д-р Билјана Ванковска е кандидатот од политичката партија Левица за Претседател на Македонија.

Денеска е голем ден за нас, како Левица за прв пат обзнануваме претседателски кандидат и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат, професорката Билјана Ванковска, кажа претседателот на партијата Левица, рече Димитар Апасиев.

„Сметаме дека партијата стигна до ниво, го полага матурскиот испит, тоа е наредното собирање на десет илјади потписи кое планираме да го финишираме успешно и да го имаме според нас, најдобриот кандидат. Дојдено е времето народот да ја препознае разликата и да препознае кој се бори храбро и чесно за интересите на Република Македонија. Со избор помеѓу двете помали зла стигнавме до ова дереџе. Чувствуваме должност да извадиме квалитетен кандидат на овие избори“, изјави Апасиев.

Тој кажа дека повеќе имиња биле во игра, но најдобриот скор го имала професорката Ванковска.

„Конечно е дојдено времето народот да избере солиден, и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат. Им фрламе ракавица на мејнстрим буржоаските партии. Да дадат кандидати коишто ќе се натпреваруваат со нашиот кандидат“, додаде Апасиев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.