Ќе седнат ли децата во клупите и со колкава дистанца меѓу нив, колку ќе бидат скратени часовите, ќе бидат ли воведени дополнителни смени и крајно, каде ќе има настава со далечинско учење, а каде со физичко присуство?
Наставниот кадар и родителите подолго време ги поставуваат прашањата, а од Министерството за образование ветуваат одговори во наредните две недели.
– До 10 август ќе ги имаат сите тие информации. Нема потреба за паника. Има модели, треба да се усогласат и не е ништо задоцнето. Има снимање на состојбата, бројноста на учениците во паралелките, бараме просторни можности за оние училишта кои немаат капацитети, значи сите тие аспекти се разгледуваат, вели заменик министерот за образование Елизабета Наумовска за „Сител“.