Познати учесниците на деветтиот по ред меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Тимот на РК Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Ова лето ќе се одржи деветтото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на домашни и странски екипи.

Од клубот информираа дека годинешното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи во периодот од 29.08 до 01.09.2024.

Во првите два дена како и секогаш ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.

Организаторите веќе ги објавија имињата на клубовите учесници, каде покрај домаќинот РК Прилеп, ќе настапат: РК Врање, ГРК Охрид, ГРК Тиквеш, РК Куманово и Еурфарм Пелистер 2.

Во ланското издание победник на турнирот втор пат по ред беше екипата на Дубочица од Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.