Познати противниците на Македонија за пласман на олимпијадата во Рио!

rakometari-2-640x391

Откако Норвешка загуби во полуфиналето од Германија на ЕП во Полска, вратите на македонските ракометари за квалификацискиот турнир кој ќе носи пласман на Олимпијадата во Рио се отворени, а познати се и противниците кои ќе ни се спротивстават во остварувањето на олимпискиот сон.

Условот Норвешка да не биде шампион на ЕП во Полска е веќе исполнет. Денеска од 19 часот се игра финалниот натпревар во Африканското првенство,Египет и Тунис се во финалето, победникот оди директно на Олимпијада, а поразениот ќе биде сместен во групата на Македонија.

Тунижаните предводени од ракометарот на Барселона, Ваел Жалуз се благи фаворити во финалниот меч.

Покрај Македонија и африканскиот противник, во нашата група се уште и Чиле и Полска. Трите квалификациски турнири ќе се одржат на почетокот на април 2016 година и првите две екипи од секој од нив ќе се пласира на ОИ, што значи дека шансите на нашите ракометари се реални и остварливи.

oi-rio

На квалификацискиот турнир најверојатно Полска ќе биде домаќин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.