Познатиот турски заводник кого жените го обожаваат, поминува низ тежок период – неговото здравје е во знак прашање!

Како што пишуваат турските портали, познатиот глумец Бурак Озчивит, во последно време е непрепознатлив.

Тој наводно поминува низ тежок животен период исполнет со незадоволство од работата и семејни проблеми, поради дијагнозата на рак кај негова блиска личност.

Сето тоа довело да познатиот заводник меѓу глумците да заболи од така наречен “Синдром на согорување”, ментално заболување од кое често заболуваат познатите и успешни личности.

Во прашање е состојба која настанува поради тежок стрес и големи очекувања. Поради тоа глумецот се наоѓа во состојба на запуштеност и непрепознатливост.

Бурак во последните години е многу зафатен со снимање на разни проекти, а неодамна потврди и дека меѓу снимањата рето кога прави поголеми паузи, што е веројатно главна причина за неговата состојба.

Турските медиуми пишуваат дека се обратил на лекар за да пронајде решение за овој проблем.

Во овој тежок период најголема поддршка му е сопругата Фахрие Евчен. Брачниот пат неодамна замина на одмор за Бурак да може малку да ги среди мислите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.