Познатиот српски актер заврши со лисици на рацето: Полицијата го уапси откако го фатиле на лице место како купува дрога

Актерот Сергеј Трифуновиќ вчера бил уапсен додека купувал дрога, пишуваат српските медиуми.

Како што неофицијално се дознава, Трифуновиќ бил уапсен откако полицијата го следела автомобилот на мажот В.А. и го фатила додека се случувало примопредавање на дрогата.

– Патролата забележала дека е во тек предавање на дрогата, па пристапила кон апсење на лицата. Лисици му беа ставени на В.А. кој беше означен како продавач на дрога и Сергеј Трифуновиќ како купувач – вели извор за медиумите и додава:

– Кај Трифуновиќ е пронајдено едно ПВЦ пакетче со околу 5 грама марихуана, додека при преглед на возилото што го користел В.А., во чантата биле пронајдени околу 40 ПВЦ пакетчиња со околу 70 грама марихуана и ПВЦ кесата што ја чувал под хаубата на автомобилот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.