Познатиот аналитичар Чкатроски: “Можен е пад на Владата”

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски ја предупредува Владата дека ако не ги спроведе препораките од западните сојузници, може да падне.

“Малку да ја предупредам СДСМ и Владата: Да не заборавите, исклучително е можен пад на Владата доколку не се усвојат (реализираат) препораки. Затоа не брзајте да почнете да преговарате. Имате нови ситуации сега после договорот со Грција. Мислам, не знам дали ви е јасно (мислам нема шанса да ви е јасно)”, пишува Чкатроски кој соработува со неколку западни тинк-тенкови и има пристап до анализи на аналитички центри во ЕУ и САД.

Пред една недела француската министерка за Европа предупреди дека без спроведени реформи во прашање е доведен почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

“Бидејќи сега ќе ме распнат да појаснам – Ако има негативен извештај следните 2 години, ем препораките не се имплементираат – ами да МОЖЕН Е ПАД НА ВЛАДА, а зошто да не. Тоа би било 2021 година”, на пример, вели Чкатроски.

Извор: republika.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.