ПОЗНАТА ПРОГРАМАТА ЗА НАЈНОВОТО ИЗДАНИЕ НА “ПИВОФЕСТ”

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16-ти пат ќе биде домаќин на фестивалот на скарата и пивото “Пивофест 2018”.

Денеска преку прес конференција беше соопштена и официјалната програма за оваа година на фестивалот.

На фестивалската сцена оваа година ќе настапат:

Четврток (12.07.2018): Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски

Петок (13.07.2018): Дарио, Ван Гог, Црвена Јабука и Mossel

Сабота (14.07.2018): Фортисимо Бенд и Гоце Чоки, Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ

Недела (15.07.2018): Александра Јанева, Либеро Бенд, Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ

Организатор на годинешното издание е агенцијата „Ентфинити“, а општината од својот буџет ќе издвои 2,5 милиони денари.

Интересно е тоа што просторот каде ќе се одржува фестивалот останува непроменет, па 16-то издание на “Пивофест” одново ќе се одржи во централното градско подрачје, нешто што до изминатата година беше постојано критикувано од луѓето кои сега се претставници на локалната власт во Прилеп.

Нема никакви измени во речиси ништо, што потврдува дека фестивалот одлично бил организиран и во изминатите години.

Општина Прилеп и новите организатори ќе бидат ставени на голем тест, со оглед на тоа што фестивалот на скарата и пивото во Прилеп изминатите години доби рејтинг од најшироки размери, а гости пристигнуваа од различни краишта низ светот.

Еве мал дел од ланската атмосфера:

 

dav

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.