Познатата пејачка се породи, а бебето го крсти по омилениот лик од серијата „Игра на тронови“

Пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг денеска станаа родители. Таа откако неодамна го откри полот и името на бебето, денеска и официјално го потврди.

Пејачката денеска на свет роди девојче кое ќе се вика Арија, а името потекнува од серијата „Игра на тронови“. Ова е прво дете за неа и сопругот Александар кои уште пред две години знаеле како ќе се вика нивното дете.

Инаку денеска меѓу познатите мајка по втор пат стана и познатиот модел Катарина Ивановска. Македонската убавица ќерката реши да ја крсти Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.