Модната блогерка од Битола, Александра Шијаковска на својот Инстаграм профил откри дека се соочува со тешка опepaциja.
-Најсакани мои пријатели, роднини, соработници, луѓе кои ме познавате или не, сакам да ве известам дека извесен период нема да се дружиме. Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака.
Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите.
Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред – напиша Александра во видеото кои го објави на Инстаграм.