Познатата виолиниcтка Coфиja Никocка во четврток ќе одpжи целовeчepeн концepт во ЦК “Мapко Цепенков”

На 17.09.2020 / четврток/ од 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“, според сите протоколи за заштита од кopoнавиpycoт, целовечерен концерт на виолина ќе одржи нашата позната виолинистка Софија Никоска.

Програма:

Јохан Себастијан Бах

Partita бр. 3 во Е-dur за соло виолина, BWV 1006

-Preludio; Loure; Gavotte en Rondeu; Menuet I; Menuet II; Bourree -Gigue

Partitaбр. 2 во d-moll за соло виолина, BWV 1004

-Allemanda; Corrente; Sarabanda; Giga; Ciaccona

Биографија

Виолинистката Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во родниот град, а средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” во Скопје.

На 15 годишна возраст станува најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко, и потоа ги завршува и магистерските студии.

Своето понатамошно усовршување го продолжува како студент на Кралската Школа „Queen Sofia College of Music ” во Мадрид, каде шест години студира во класата на светски реномираниот проф. ЗахарБрон.

Како стипендист на фондацијата “Albeniz”, во оваа високореномирана музичка школа, успешно реализира бројни настапи низ Шпанија, како солистички, така и како дел од камерни состави под менторство на професорите Хајме Мулер и Марта Гулијаш.

Учесник и добитник е набројни награди на државни и меѓународни натпревари. Учесник е на многубројни семинари и мастер-часови кај светски признаени уметници. Реализира многубројни рецитали и настапи со оркестар во Македонија и надвор од неа. Моментално живее и делува во Македонија, предава виолина при УГД – Музичка Академија во Штип.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.