Позитив на денот: Прилепско семејство даде пример за сите и донираше 500 евра во болницата

Семејството Керпичоски од Прилеп даде пример за сите граѓани кои се во можност да донираат онаму каде е најпотребно. Тие донирале 500 евра во општата градска болница “Борка Талески” од Прилеп, а од болницата јавно се заблагодарија.

“Во ова време кога нашата болница како приоритет ги стави сите свои ресурси во служба на превенција и лекување на заболените од Ковид -19, несебичен е гестот на дарување! Благодариме на семејството Керпичоски за донацијата од 500 евра на ЈЗУ ОБ “Борка Талески”-Прилеп”, напишаа на Фејсбук од болницата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.