Нема ништо подобро од човечката особина да подарува и споделува, особено кога тоа се прави со чисто срце и со желба.
Крушевчанецот Борче Кироски и сопственикот на компанијата Ормар Транс од Скопје донираа клупи и столчиња за детската градинка “Гонча Туфа” од Крушево.
Секоја донација во овие институции е добредојдена, а ова е одличен начин за мотивирање на сите сопственици на компании да го сторат истото, се со цел најмалите да имаат најдобри услови во градинките.