Позитива на денот: Хумани прилепчани хранат 20 гладни усти секој ден (Фото)

Позитива на денот

Жители од зграда на улицата “Кузман Шапкарев” во Прилеп секојдневно хранат дваесетина гладни усти.

Овие прекрасни маченца ги преживуваат ладните денови благодарение на дел од жителите во оваа зграда, но нивниот број се зголеми, па секој кој сака би можел да вдоми некое.

Маченцата се кротки и ги има во сите бои. Засолниште наоѓаат во соседните гаражи, но често спијат и пред вратите од становите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.