Нашата Анабела Блажеска денеска по 129 дена си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада. Родена е во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама – информираат од Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје
-Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2080 грама. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш. Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители – пишуваат од клиниката на ФБ.