Во текот на вчерашниот ден, пожар пламнал на Марковите кули во Прилеп.
Според она што не информираат граѓаните од овој дел на градот, огнот забрзано се ширел, а горела нискостеблеста вегетација.
Не е познато како дошло до огнената стихија, но едно е сигурно! Срамно и жално е намерно или поради невнимание, да се загрозува најстарата историска знаменитост во градот.
Марковите кули се гордост на секој прилепчанец, па најпрво зависи од сите нас дали ќе ги зачуваме и дали ќе останат и понатаму вечен споменик на градот.