На 31.03.2019 околу 13.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Старавина“ било пријавено дека настанал пожар во правец на село Полчиште, прилепско, во кој била опожарена нискостеблеста вегетација, густа трева и околу 20 хектари борова шума.
Биле известени Територијалната противпожарна единица-Прилеп и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.