Околу 07 часот и 30 минути во Прилеп на улицата „Дабничка“ во куќата на 47-годишниот С.С. од засега непознати причини настанал пожар, при што за малку била избегната голема трагедија. Куќата е целосно опожарена како и покуќнината во неа. На таванскиот дел од куќата имало околу 430 бали со тутун кои исто така изгореле.
Од пожарот со полесни изгореници во пределот на вратот се здобил 18-годишниот С.С. на кој му била укажана лекарска помош од екипа на Итната медицинска помош.
Се превземаат мерки да се открие како дошло до пожарот.