Пожар во рудникот за јаглен Суводол: РЕК Битола со штета од стотици илјади евра! (ФОТО)

Ноќта во петокот спроти саботата во ископот Суводол, според информации на Економски Лидер се случил тежок инцидент во кој избил пожар на претоварната трака за јаловина.

-Кои се причините за пожарот уште не се знае, но сознанијата до кои што дојдовме велат дека дежурен на траката бил работник кој неодамна бил примен во РЕК Битола. Два дена по инцидентот властите молчат и не соопштуваат ништо за случајот кој, според неофицијалните проценки, предизвикал штета од неколку стотици илјади евра. Медиумите и јавноста во неколку наврати алармираа дека политичкта пресметка со професионалците и примањето на неискусни кадри само заради политичката опрделба на сензитивни позиции може да резултира со огромни штети. Извори од РЕК ни го потврдија инцидентот и ни кажаа дека на екипите им требале неколку часа за да го локализираат и изгаснат пожарот, а голем дел од раководството во тие часови наместо на лице место, било ангажирано околу изборните собранија на СДСМ во Битола и Новаци, пишува порталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.