На 04.10.2018 година во 00.00 часот било пријавено дека во автолимарска работилница на улица „Прилепска“ во Битола, сопственост на Н.П. (52), настанал пожар.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.