Неколку пожари избувнаа попладнето и вечерва во околината на Прилеп.
Како што информира Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, активни се пожарите кај селата Стровија, Оревоец, Тополчани, а гори и на Селечка планина.
– Веќе неколку часа горат површини со сува трева и нискостеблеста дабова шума. Неодамна испративме и екипа за пожарот на Селечка Планина. Се уште не знаеме колкави површини се зафатени со пожарите ниту кои се причините за огнените стифии. Само пожарот кај селото Штавица е изгаснат, вели Колески.
Според Борис Јованоски од ЈП „Македонски Шуми „Црн Бор“ огнот што гори од повеќежаришта на селечка планина се префрлил од околината на селото Кокре, Мариово. – Се обидуваме да ги ставиме под контрола жариштата, но тоа се планински терени. Упатуваме апел до сточарите да не ги палат стрништата, вели Јованоски.