Во петок (14.02.) со почеток од 18.00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетскиот настан „Љубов и вино“ кој Клубот на литературни творци-Прилеп традиционално го организира во соработка со Центарот.
Со поезија за виното и љубовта, а по повод празниците „Св. Трифун“ и „Св. Валентајн“ членовите на Клубот на литературни творци ќе приредат пријатна поетска средба пред прилепската публика.
Ќе настапат: Петар Петрески, Марија Ѓорѓиоска, Блага Тутеска, Тони Павлески, Андриана Ристеска, Филип Димкоски, Лина Димоска, Миленко Тодески, Блажо Стојаноски, Елена Јандреовски, Билјана Павлеска, Илина Тодороска, Весна Шереметкоска, Марија Мантова, Дана Тембелеска, Божана Тренческа, Петре Кироваков, Фаница Корошевска, Наде Велјанова, Јасмина Колеска Кузманоска, Верче Искова, Снежана Паноска, Тамара Насевска, Виолета Ристевска и Ацо Тришоски.
Музички гости во програмата ќе ја бидат учениците од OOMМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“.