На меѓународен поетски фестивал организиран од Руската Федерација, на кој учевствуваа 500 поети од Русија, Белорусија, Полска, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија…,Елена Христоска од Крушево со поемата “Тивко”, oсвои прво место во категоријата “Најдобра поема” од меѓународната жири комисија, составена од членови од сите земји учеснички .
Истата жири комисија одлучи Христоска да биде нумерирана и во категоријата “20 успешни поети” .
И ги честитаме успесите на Христоска и очекуваме уште многу успешни дела и признанија.