Младата и талентирана поетеса Светлана Неделкоска вчера ја посети општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Целта на денешната посета беше „Зауздана Поезија“ новата поетска книга која од неодамна Светлана ја промовираше во Скопје, а потоа и пред нејзините сограѓани. Книгата изобилува со многу емоции, сентименталност, искрени чуства и копнеж кон родниот крај.
На средбата Светлана беше запознаена со актуелните случувања во градот Прилеп, за тековните и идни проекти кои допрва треба да бидат реализирани.
Младата авторка, живее и работи во Мелбурн, Австралија, а родена е во Прилеп на 5 февруари 1979.